Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, ја искористи можноста за време на неговата посета на Русија, на паузата од разговорите со рускиот претседател Владимир Путин, да се ибања во Црното Море.
Лукашенко ја прифати поканата на неговиот руски колега да се искапат во Црното Море. Температурата на водата е плус 16 степени, се наведува во соопштението на телеграмскиот канал „Пул Први“.
Turns out Lukashenko couldn’t refuse Putin’s suggestion that he should go for a swim in the Black Sea. Putin stayed dry. pic.twitter.com/eTjnT2XE5o
— X Soviet (@XSovietNews) May 30, 2021
Лукашенко пристигна во регионот Краснодар во петокот за да разговара со Путин, а нивната средба траеше повеќе од пет часа. Двајцата претседатели вчера заминаа на брод на Црното море.
Путин и Лукашенко, меѓу другото, разговараа и за ситуацијата што се појави по присилното слетување во Минск на авион на „Рајанер“ кој леташе кон Вилнус од Атина, кога беше уапсен дисидентскиот новинар Роман Проташевич.