Утрински Весник
Свет

Лукашенко побара да се открие кој ги финансира протестите во Белорусија

Лукашенко побара да се открие кој ги финансира протестите во Белорусија

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко му нареди на Комитетот за државна безбедност да ги спречи активностите на организаторите на улични протести.

Лукашенко нареди да се откријат нивните извори на финансирање.

„ Без оглед на тоа колку е тешко, мораме да продолжиме со работа и работа на максимално ниво“ рекол Лукашенко.

Тој исто така наредил на Министерството за внатрешни работи да стави крај на нередите во Минск, кои избија по претседателските избори на 9 август.

Лукашенко победи на изборите во Белорусија освојувајќи 80 проценти од гласовите. Опозицијата не ги признава изборните резултати.

Следеа протести на кои имаше судири меѓу полицијата и демонстрантите а уапсени се над илјада луѓе.

Претходно денеска и ЕУ најави санкции против Белорусија, порачувајќи дека и Унијата не ги признава изборните резултати во оваа земја.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Германија ја обвини Кина дека употребила ласер врз германски авион

Еден прободен, седум полесно повредени во трките со бикови во Памплона

Израел ќе изгради камп во Појасот Газа за 600.000 Палестинци