Утрински Весник
Свет

Лукашенко: Не ширете лаги за Буча, ние знаеме кој го организирал тоа

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска најави дека наскоро ќе се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин.

Говорејќи за новинската агенција „Асошиејтед прес“, тој им се обрати на западните земји и ги повика да престанат со лагите, пренесува ТАСС.

„Пред сè, не требаше како пример да ја наведувате Буча и не знам колку сте информирани за тоа што се случило таму, но ние знаеме кој го организирал тоа шоу“, рече Лукашенко.

Можете да прочитате

ЕУ повика на повторно отворање на Ормускиот теснец

Барел нафта во Дубаи на рекордни 166 долари

Полицијата во Абу Даби соопшти дека уапсила 109 лица за ширење лажни информации за војната на Блискиот Исток