Утрински Весник
Свет

Лукашенко: Не се закануваме никому, Западот може мирно да спие

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека неговата земја „прави се’ за да ја запре војната“ и дека Украина ја провоцира Русија.

„Ние категорично не прифаќаме никаква војна. Правиме се’ за да спречиме војна. Искрено, преговорите меѓу Украина и Русија започнаа благодарение на мене“, рече Лукашенко.

„Но, зошто Украина, на чија територија се одвива војната и каде умираат луѓе, не е заинтересирана за тие преговори?“, додаде тој.

 

Претходно оваа недела белоруската војска најави вонредни вежби, што предизвика загриженост во Украина. Меѓутоа, Лукашенко денеска за АП изјави дека вежбите не претставуваат закана за никого.

„Ние не се закануваме никому и немаме намера никому да му се закануваме. Згора на тоа, не можеме да го сториме тоа бидејќи знаеме кој е на спротивната страна. Не е во наш интерес да поттикнуваме каков било конфликт овде на Запад. Така, Западот може да спие мирно“, рече тој.

Можете да прочитате

„Ако мојата ќерка забремени од силување, треба да го роди детето“ – скандалозен став на починатиот Чарли Кирк по однос на прашањето за абортус

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк

Трамп постхумно ќе го одликува Кирк со Претседателски медал на слободата