Утрински Весник
Свет

Лукашенко: Направив сè за да спречам војна, но Западот ја принуди Украина

Лукашенко: Направив сè за да спречам војна, но Западот ја принуди Украина
Dik 300x250 mk

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека западните земји ја турнале украинската влада во војна, додавајќи дека Минск бил подготвен да испрати граничари на границата меѓу украинскиот регион Донбас и Русија, но Украина ја отфрлила иницијативата.

„Направив сè за да спречам војна и да го одржам мирот пред да започне конфликтот меѓу Украина и Русија. Бев подготвен да ја блокирам границата меѓу Донбас и Русија. Сакав да ги поставам моите граничари на границата долга 400 километри и да ѝ пружам помош на Украина. Русија се согласи, но Киев одби. Зошто? Затоа што Западот ги принуди да ја започнат оваа војна“, нагласи Лукашенко, а пренесува ТАСС.

Белорускиот лидер изјави дека Киев вовел санкции кон Белорусија уште пред тоа да го стори Западот во интервју за јапонската мрежа ТБС, кое беше објавено на белорускиот јутјуб канал „Белорусија-1“.

Можете да прочитате

Прва фотографија од бебе-планета во прстен околу ѕвезда

Прва фотографија од бебе-планета во прстен околу ѕвезда

Орбан предизборно ќе исплати 14-та пензија