Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, ги советуваше западните земји да не користат казнени методи или како што ги нарече т.н „секири“, бидејќи тоа може да им се врати како бумеранг.
„Не треба да се користат казнени „секири“. Особено што тоа може да има бумеранг ефект.Ова го покажува моменталната ситуација на белоруско-полската, белоруско-украинската граница, белоруско-литванската и белоруско-летонската граница“, рече Лукашенко.
Според него, „работата не е во санкции“, туку во фактот дека е направен обид да и се забрани на Белорусија да гради нуклеарни централи.
„Дали направивме нешто што не е направено? Не. Истата Литванија што лаеше за нуклеарната централа планира да ја направи дома. Меѓутоа, тоа бара мобилизација и соодветна помош, позајми пари од некого, а потоа врати ги. Тука започнува се“, рече тој.
Лукашенко додаде дека Минск е подготвен да го пренасочи извозот на калиум во руските пристаништа.
„Политичарите (Литванци) сакаат да си пукаат во глава – да ни ги затворат пристаништата со цел да натоварат хемиски и калиумски ѓубрива. Слушајте, ние ќе ја извеземе таа количина, ќе ја натовариме во Мурманск. Тоа не е проблем“, изјави Лукашенко.
Тој нагласи дека Белорусија е подготвена да доставува производи во Кина и Индија по Северноморската рута.
„Повелете, пукајте си во глава. Додека не ја преминеме црвената линија, туркајќи се едни со други во ќорсокак, сега мораме да ја решиме оваа ситуација. Сепак, топката е во вашиот двор“, додаде Лукашенко.