Утрински Весник
Свет

Лукашенко ги врати златните резерви од странство

Лукашенко ги врати златните резерви од странство
Dik 300x250 mk

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, смета дека одлуката да се вратат сите златни резерви во земјата била стратешки исправна.

„Браво за Националната банка и владата. Пред три месеци им дадов задача да се вратат во земјата сите девизни и златни резерви. Во земјата е вратено цело злато, до последен грам“, рекол Лукашенко.

Тој истакнал дека земјата има доволно резерви да го одржи курсот на националната валута на прифатливо ниво.

Според податоците на Националната банка на Белорусија, на почетокот на оваа година, златните резерви на земјата изнесувале 42,2 тони. На 1 јануари вкупните златни и девизни резерви изнесувале 9,39 милијарди долари, а на 1 август 8,86 милијарди.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим

Русија планира да го признае мајчинството како вработување со полно работно време

Хамас: Континуираното уништување на куќи во Газа е прекршување на договорот за прекин на огнот