Утрински Весник
Свет

Лукашенко: Белорусија не сака конфликт поради мигрантската криза

Лукашенко: Белорусија не сака конфликт поради мигрантската криза

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека сака да спречи мигрантската криза на границата да прерасне во конфликт со европските соседи, пренесуваат агенциите во регионот.

„Сега најважно е да ја одбраниме нашата земја, нашиот народ и да избегнеме конфликти. Тој проблем (со мигрантите) не смее да прерасне во конфликт“, рече Лукашенко.

Претседателот на Белорусија изјави дека Минск активно работи на враќање на мигрантите кои кампуваат на границата со надворешните граници на Европската унија.

Неколку илјади мигранти, главно од Блискиот Исток, веќе неколку дена се на границата меѓу Белорусија и Полска.

ЕУ го обвинува Лукашенко дека ја оркестрирал кризата со тоа што ги охрабрува мигрантите да дојдат во земјата, а потоа ги носи на границата со ЕУ.

Тој ги отфрла тие обвинувања и го обвинува Западот за таквата ситуација.

Можете да прочитате

Судири помеѓу полицијата и земјоделците пред ЕП во Стразбур

Британската влада одобри Кина да почне со изградба на нова амбасада во Лондон, една од најголемите во светот

Владата на Полска планира да ја укине вонредната помош за Украинците