Утрински Весник
Свет

Лукашенко: Без Белорусија нема преговори меѓу Русија и Украина

Лукашенко: Без Белорусија нема преговори меѓу Русија и Украина

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко смета дека во преговорите за решавање на украинската криза треба да се вклучи и белоруската страна.

„Не може да има преговори без учество на Белорусија. Ако нè вклучивте во ова, пред се западните земји, тогаш, се разбира, во тие преговори мора да се објави ставот на Белорусија“, рече Лукашенко на седницата на Советот за безбедност на Белорусија, пренесува Спутник.

Тој рече дека ставот му бил презентиран на министерот за надворешни работи и дека му е наложено да го спроведе.

Можете да прочитате

Маск донирал 10 милиони долари за републиканците да ја задржат контролата врз Конгресот

Десетици илјади Чеси излегоа на демонстрации за поддршка на претседателот Петр Павел

Аракчи: Уверен сум дека може да се постигне договор со САД за иранската нуклеарна програма