Вашингтон, 13 април 2020 (МИА) – Американскиот спортски канал ЕСПН состави список со најпознатите потценети светски фудбалски везди. Во него влегуваат Томас Милер (Баерн), Ромелу Лукаку (Интер), Габриел Жезус (Манчестер сити), Гранит Џака (Арсенал), Томас Партеј (Атлетико) и Гомез (Ливерпул).
За сите нив ЕСП со неколку зборови објаснување зошто смета дека тие не се ценат доволно во нивните клубови.
Лукаку – Има 26 години, во клупската кариера постигна 172 голови. Имаше феноменалното враќање.
Жезус – Има 23 години, тој често постигнува гол од клупата. Во иднина, тој може да ја земе славата од Агуеро.
Џака – Неговото фудбалско размислување и неговата „радиоконтролирана“ лева нога имаат стабилизирачки ефект врз тимот.
Партеј – Совршено ги покажува квалитетите. Оличен, неспорен, посветен, многу ефикасен.
Гомез – Тешко е да се поверува дека има само 22 години. Прекрасен спортист со неверојатни лидерски вештини. зс/