Утрински Весник
Спорт

Лукаку го минал медицинскиот тест во Милано пред потписот со Челси

Лукаку го минал медицинскиот тест во Милано пред потписот со Челси

Ромелу Лукаку, по седум години, ќе се врати во Челси по комплетирањето на својот медицински тест пред трансферот од Интер и сега ќе лета за Лондон за да го потпише трансферот вреден 98 милиони фунти.

Медицинскиот тест бил на клиниката „Колумбо“ во Милано пред Челси да ја исплати целата сума однапред, а Интер се подготвува да донесе негова замена во Един Џеко од Рома. 28-годишниот Белгиец ќе добива околу 250.000 фунти неделно со петгодишен договор до 2026 година.

Извори блиски до Белгиецот тврдат дека трансферот не е мотивиран од пари, туку за него претставува шанса да се докаже на „Стемфорд Бриџ“ и да освојува титули за разлика од Интер, кој е значително ослабен од финансиската криза.

Челси не застанува тука со засилувањата, се верува дека прва цел му е Жил Кунде од Севилја откако шпанскиот клуб ја одби првата понуда за трампа со Курт Зума плус кеш.

> Лукаку го минал медицинскиот тест во Милано пред потписот со Челси <

Можете да прочитате

Тешка вечер за македонските младинци: Италија победи со 4:0

Македонската фудбалска репрезентација гостува во Данска по полуфиналето на плејофот за Мудијалот 2026

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења