Утрински Весник
Спорт

Лукаку блиску до враќање во Интер

Ромелу Лукаку е уште поблиску до враќање во Интер. Италијански извори потврдија дека Челси и Интер напредувале во преговорите, бидејќи италијанскиот клуб е подготвен да плати значителна сума за позајмица.

Интер нема пари веднаш да го купи Лукаку, ќе плати околу 15 милиони евра за позајмица за една година, со можност да го откупи следното лето.

Челси и Томас Тухел не сакаат да му прават проблем на незадоволниот играч, бидејќи Лукаку веќе неколку пати јавно кажа дека жали што си заминал од Интер и дека сигурно ќе се врати.

Лукаку е подготвен и на значително намалување на платата за да може Интер да го доведе, откако потфрли во системот на Тухел.

Преговорите се одвиваат во забрзан процес, бидејќи сите три страни сакаат договорот да биде што побрзо склучен. Лукаку би се вратил во Интер по само една година, откако летово пристигна во Челси за 113 милиони евра. Италијанскиот клуб е подготвен во зделката да го вклучи и десниот бек Дензел Дамфрис.

Ако се знае дека и Пауло Дибала е блиску до потпис со Интер, тогаш во тимот на Симоне Инзаги ќе се формира одлично напаѓачко трио, Дибала – Лукаку – Лаутаро.

> Лукаку блиску до враќање во Интер <

Можете да прочитате

Вардар нема да наплаќа билети за дербито со ГРК Охрид

Стадионот во Приштина е премал да ги прими сите заинтересирани за дуелот Косово – Турција

ГРК Охрид попладнево му гостува на Олимпијакос во Атина во првиот четвртфинален натпревар од ЕХФ Европскиот Куп