Утрински Весник
Спорт

Луз и Палоси во финалето на Скопје М15

Првиот носител, Бразилецот Орландо Луз ја оправда фаворитската улога и се пласираше во финалето ан ИТФ турниот Скопје М15, каде што утре е игра со Романецот Стефан Палоси.

Светскиот рекет број 332. се врати од сет негатива за 4:6/6:1/6:3 победа над Русинот Богдан Бобров, додека Палоси беше подобар од сонародникот Себастијан Гима стигнувајќи до 6:3/6:4 победа.

Титулата во двојки пак, отиде кај Американецот Треј Хилдербранд и Романецот Богдан Павел, откако со 7:6(6)/6:2 ги совладаа токму Палоси и Молдавецот Илја Снитари.

> Луз и Палоси во финалето на Скопје М15 <

Можете да прочитате

Светски шампион и европски медалисти на 55. „Златен гонг” во Скопје

Тренер по кревање тегови во Грција набавувал и снабдувал спортисти со допинг супстанции

Македонските фудбалери гостуваат на Шкотска во дуел од Лигата на нациите