Утрински Весник
Спорт

Луд скандал на Африканскиот куп – судијата прогласи крај во 85. минута, па во 89. минута!

Луд скандал на Африканскиот куп – судијата прогласи крај во 85. минута, па во 89. минута!

Мали стигнаа до изненадувачка 1:0 победа над Тунис во првиот меч за двете репрезентации на Африканскиот куп на нации, но многу повеќе внимание предизвика одлуката на судијата кому како да му се брзаше да го заврши мечот, така што двапати прогласи крај на мечот – прво во 85. минута, а потоа и во 89. минута.

Коне во 48. минута од пенал донесе водство за Мали, додека Тунис пропушти шанса да израмни во 77. минута, кога Ваби Хазри утна удар од белата точка.

Судијата Џани Сикадзве од Замбија, потоа прво објави крај на мечот во 85. минута, за да се поправи и да го продолжи мечот, по што не продолжи ниту една минута по крајот на 90-те предизвикувајќи хаос помеѓу фудбалерите на Тунис.

> Луд скандал на Африканскиот куп – судијата прогласи крај во 85. минута, па во 89. минута! <

Можете да прочитате

Историски успех: Лина Ѓорчевска се пласира во главната фаза на Вимблдон

ФИА издаде предупредување за прегревање за време на ГН на Австрија

Барбарез: Сакавме да направиме историја, но не знаевме дека ќе стигнеме толку далеку