Утрински Весник
Спорт

Луда тетоважа – Кјелини го стопира Сака во трката по трофејот (фото)

Луда тетоважа – Кјелини го стопира Сака во трката по трофејот (фото)
Dik 300x250 mk

Навивач на италијанската фудбалска репрезентација го овековечи еден од моментите кои го одбележаа финалето на ЕУРО 2020.

Се играше последната минута од судиското продолжение на регуларните 90 минути на „Вембли“ во Лондон на финалето Англија – Италија.

Дефанзивецот на „Азурите“ Џорџо Киелини „извиси“ при еден напад на „Гордиот Албион“, па за да спречи контранапад одзади за дрес го повлече младиот Букајо Сака, а за ова заработи „само“ жолт картон.

Еден навивач на Италија решил овој момент од финалето да го истетовира на својата рака. Тетоважата покажува како
Кјелини го спречува Сака да стигне до толкупосакуваниот трофеј за Англичаните:

> Луда тетоважа – Кјелини го стопира Сака во трката по трофејот (фото) <

Можете да прочитате

Дербито Шкендија – Вардар го комплетира 10. коло во ПМФЛ

Таткото на Јамал застана во одбрана на својот син

Кошаркарската федерација со конкретни мерки за зачувување на регуларноста и интегритетот на натпреварите