Утрински Весник
Македонија

Лубомир Јовески оствари средба со првиот човек на Европравда, Ладлисав Хамран

Нова средба на работните групи за законот за јавно обвинителство

Скопје, 20 февруари 2020 (МИА) – Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска оствари средба со претседателот на Европравда Ладислав Хамран. На средбата присуствувале и јавни обвинители од ЈОРСМ, како и јавниот обвинител за врска на Република Северна Македонија во Европравда Ленче Ристоска, информираат од прес службата на ЈОРСМ.

На средбата со Хамран, кој воедно е национален член на Република Словачка во Европравда, била истакната досегашната соработка на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија со оваа европска институција, особено статистичките показатели и можностите отворени со назначување на јавниот обвинител за врска.

Јавниот обвинител Јовески ја презентирал структурата, условите за работа и предизвиците со кои се соочува Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Притоа, Јовески и Хамран заеднички ја нагласиле важноста на меѓународната соработка во сузбивањето на сериозниот и прекуграничниот криминалитет.​ оџ/аа/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Закани кон независните од Битола: Објавена фотографија со пиштол!

На Богородица спречен обид за криумчарење 4.577 парчиња небезбедни лекови

Кривична пријава против вработен во ЈП „Национални шуми“, го оштетил претпријатието за повеќе од 500.000 денари