Утрински Весник
Спорт

Лоши вести за Јувентус – Мекени во аут 8 до 12 недели

Лоши вести за Јувентус – Мекени во аут 8 до 12 недели
Dik 300x250 mk

Јувентус, синоќа, успеа да извлече нерешен резултат против Виљареал (1:1), во првивот осмина-финален натпревар во Лигата на шампионите.

„Старата дама“, избори поволен резултат пред реваншот и покрај тоа што одигра лош меч. Тренерот Алегри има многу проблеми со повредите на играчите, поради што не можеше да им се спротивстави на домаќините со најсилниот тим.

Листата на повредени играчи кај Јувентус е долга, а по мечот на „Ла Серамика“, уште еден играч отпадна од плановите на Алегри.

Венстон Мекени, по еден дуел со Первис Етупињан, остана во боли да лежи на теренот. Со помош на лекарскиот тим излезе од игра, а по мечот Алегри дозна дека Американецот скришил коска во стапалото.

Јуве без Мекени ќе биде во наредните осум до 12 недели, што значи дека тој во тимот би се вратил некаде во финишот на сезоната.

> Лоши вести за Јувентус – Мекени во аут 8 до 12 недели <

Можете да прочитате

Јамал, Дембеле и Салах номинирани за наградата „Најдобар“ на ФИФА

Ѓоковиќ го победи Борхес и се пласираше во полуфиналето на турнирот во Атина

Милевски повика 28 фудбалери за средбите со Летонија и со Велс