Утрински Весник
Спорт

Лоша трансфер-политика во Барса – не го купија за 15, сега вреди 100 милиони евра

Лоша трансфер-политика во Барса – не го купија за 15, сега вреди 100 милиони евра

Катастрофалната трансфер-политика на Барселона е една од главните причини за ситуацијата во која се наоѓа каталонскиот клуб. Долговите им се мерат во стотици милиони евра, екипата им е неконкурентна за шампионскиот трофеј и во Ла Лига и во ЛШ.

На сето тоа, се чини, кумувале лошите потези и погрешните процени за доведување нови играчи. За една таква пропуштена можност зборуваше и Луис Суарез, кој речиси бесплатно си отиде од „Камп ноу“, а сега е ударна игла во Атлетико Мадрид.

Суарез изјави дека уште додека го носел дресот на Барселона, препорачал во Каталонија да го доведат уругвајскиот фудбалер Дарвин Нуњес.

Актуелниот фудбалер на Бенфика, кој има 22 години, неодамна со 2 гола во мрежата на Тер Штеген ја урна Барса во Лигата на шампионите во Лисабон, а во сезоната 2019/2020 го носеше дресот на шпанска Алмерија.

„Им реков – внимавајте на момчево, многу е интересен, а тие ми одговорија: `Ништо од тоа. Тој игра во Алемрија и многу е млад, не ни треба`“, раскажува Суарез.

Нуњес од Шпанија се пресели во Португалија за отштета од 24 милиони евра, а тоа беше рекордниот износ што Бенфика го платила за некој фудбалер. Од португалскиот клуб сега за негов трансфер бараат 100 милиони евра.

„Наместо тогаш да го купеа за 15-20 милиони евра, сега мора да дадат 80, 90, па и 100 милиони евра ако сакаат да го доведат“, истакна Уругваецот.

> Лоша трансфер-политика во Барса – не го купија за 15, сега вреди 100 милиони евра <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина