Утрински Весник
Магазин

Лорен Буш Лорен и Дејвид Лорен очекуваат трето дете следната пролет: Ова е голем зрак на надеж во нашите животи

Лорен Буш Лорен и Дејвид Лорен очекуваат трето дете следната пролет: Ова е голем зрак на надеж во нашите животи
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Лорен Буш Лорен, внука на поранешниот американски претседател Џорџ Буш, во неделата на Инстаграм објави дека таа и сопругот Дејвид Лорен, од модното семејство Лорен, го очекуваат своето трето дете.

Буш Лорен (36), поранешна манекенка и дизајнер а сега основач на Feed Projects, напиша: „Возбудени сме што ќе го пречекаме бебето број 3 следната пролет!“ и сподели снимка од ултразвук.

„Беше чудно и прекрасно да се создаде нов живот во оваа вистински нестварна година. Настрана утринската мачнина (всушност целодневна мачнина), ова е голем зрак на надеж во нашите животи, додека гледаме кон посветло утре во 2021 година! Ви праќаме љубов на сите!“

Парот веќе има два сина Џејмс (5) и Макс (2).

Извор: Makfax

Можете да прочитате

OpenAI воведе годишен преглед на активностите за корисниците на ChatGPT

Крај на една ера: На последниот ден од 2025 година, се гаси MTV

Почина Брижит Бардо – 24info.mk