Утрински Весник
Свет

Лондон: Нема непосредна опасност од ескалација во Украина

Лондон: Нема непосредна опасност од ескалација во Украина
Dik 300x250 mk

Министерот за вооружени сили на Велика Британија Џејмс Хипи изјави дека не мисли дека постои непосредна закана од ескалација на војната во Украина, нарекувајќи ја фалба последната изјава на Лавров за опасност од нуклеарен конфликт.

Лавров рече дека меѓународната заедница не треба да ја потценува значителната опасност од нуклеарен конфликт и нагласи дека фактот што НАТО и испорачува оружје на Украина во суштина значи дека западната алијанса индиректно војува со Русија, наведува Ројтерс.

Пошироката меѓународна заедница, а не НАТО, дава воена поддршка на Украина, рече Хипи, реагирајќи на последната изјава на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Донаторската заедница не е НАТО. Меѓу донаторите има голем број земји, да, многу од нив се членки на НАТО, но други се надвор од алијансата. Не е НАТО тој што обезбедува воена помош“, изјави Хипи за Скај њуз.

„Мислам дека во моментов нема непосредна закана од ескалација“, рече Хипи.

Тој исто така истакна дека она што Западот го прави во обид да ги поддржи своите сојузници во Украина е многу добро избалансирано со цел да се избегне директна конфронтација со Русија, наведува британската агенција.

Лавров, меѓу другото, посочи дека не би сакал овие ризици да бидат вештачки надуени во ситуација кога ризиците се многу значајни, но додаде дека има многу што ги сакаат.

Можете да прочитате

Хакерски напади врз белгиските телекоми „Проксимус“ и „Скарлет“ 

Германија го забрани муслиманското здружение Интерактив, се вршат рации и заплена на средства

Поранешниот еврокомесар Дидие Рејндерс официјално осомничен за перење пари