Утрински Весник
Свет

Лондон ги укинува маските и во јавниот превоз

Лондон ги укинува маските и во јавниот превоз

Патниците кои ја користат лондонската транспортна мрежа од утре нема да мора да носат маски за лице, но препораката за нивно носење останува валидна, соопшти денеска транспортната мрежа за Лондон (TFL).

„ Задолжителното носење маски за лице повеќе нема да биде услов за транспорт од 24 февруари, но на патниците и на персоналот топло ќе им се препорача да ги носат доколку се во можност“, се вели во соопштението на ТФЛ.

Британскиот премиер Борис Џонсон во понеделникот во Парламентот ја објави одлуката за укинување на сите преостанати епидемиолошки мерки воведени во Англија за борба против коронавирусот.

Исто така, донесена е одлука луѓето кои се позитивни на коронавирусот повеќе да не мора да одат во задолжителна самоизолација.

Можете да прочитате

СЗО прогласи крај на епидемијата на хантавирус на крузерот „Хондиус“

Јахтата на Путин забележана во близина на брегот на Данска

Недостиг од гориво во Русија, полиција ги чува бензинските пумпи