Утрински Весник
Свет

Лондон воведува најстроги мерки поради ширењето на Ковид-19

Лондон воведува најстроги мерки поради ширењето на Ковид-19

Лондон воведува најстроги ограничувања поради силното зголемување на стапката на инфекција со коронавирус, пренесува Би-би-си.

Новите ограничувања стапуваат на сила во среда на полноќ по локално време, рече министерот за здравство Мет Ханкок.

Покрај тоа, највисоко ниво на ограничувања, исто така, ќе се воведе во делови на провинциите Есекс и Хертфордшир.

На почетокот на месецов, владата воведе систем за ограничувања на неколку нивоа за да го стави под контрола вториот бран на вирусот по едномесечното затворање.

Повеќе од 40 проценти од граѓаните се класифицирани во категоријата со највисок ризик.

Во Лондон, ограничувањата беа на второто највисоко ниво, а разликата помеѓу првите две нивоа е што во второто ниво баровите и рестораните можат да останат отворени под одредени услови, а во последното ниво тие мора да бидат затворени и дозволени се само нарачки од надвор.

Министерот за здравство Ханкок денеска исто така соопшти дека во Англија се појавила нова варијанта на коронавирусот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Клучни избори во САД: Се одлучува кој ќе го контролира Конгресот и колкава моќ ќе има Трамп

Еден од најбараните криминалци во Европа е во бегство – награда од 2 милиони евра за информација

Страшна несреќа на Еверест: Два хеликоптера се судрија во воздух, има загинат и повредени