Утрински Весник
Спорт

Ловрен најде нов клуб, се сели во Русија?

Ловрен најде нов клуб, се сели во Русија?

Информациите од Русија се дека по завршувањето на сезоната, шампионот Зенит ќе добие нов стопер.

Имено, Србинот Бранислав Ивановиќ решил да го напушти рускиот првак, а на негово место најверојтно ќе дојде хрватскиот дефанзивец од редовите на Ливерпул, Дејан Ловрен.

Хрватот е четврта опција во екипата на Клоп, па признава дека е незадоволен од статусот.

Има договор уште една година со „црвените“, а Ливерпул сака да го продаде. Клоп има намера на негово место да го донесе Кулибали од Наполи.

Зенит, пак, освен Ивановиќ на стоперската позиција го има и Осорија кој е на позајмица од Порто, Аргентинецот Маману и младиот Прокин.

Искуството на Ловрен би било добредојдено во тимот од Санкт Петербург.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Манчестер јунајтед елиминиран од Брајтон во ФА Купот

Андреа Бочели ќе настапи на церемонијата на отворање на ЗОИ 2026

Хаос на Африканскиот куп – Се степаа фудбалерите, навивачите го демолираа стадионот, нападнати и судиите