Утрински Весник
Македонија

Лица кои се одвикнуваат од зависности во Конопиште го чистеа регионалниот пат кон месноста Мушов Гроб

Лица кои се одвикнуваат од зависности во Конопиште го чистеа регионалниот пат кон месноста Мушов Гроб

Кавадарци, 10 мај 2020 (МИА) – Лица  кои се одвикнуваат од зависности во Конопиште, но и вработени во центарот за одвикнување „Нарконон Балкан“, денеска  го чистеа регионалниот пат кон месноста Мушов Гроб, кој води кон градот Кавадарци.

-И оваа година, како и многу пати досега презедовме активност за косење и чистење на овој пат. Оваа акција има за цел да ја зголеми безбедноста на сите патници во сообраќајот во овој дел на кавадаречка општина, нагласи Александра Димевска-Јокиќ, директор на Центарот.

Таа потсети дека постојат 17 години и досега, 171 лице од земјава и странство се одвикнало од зависност.

-Центарот во Конопиште е меѓу најуспешните педесетина вакви центри низ целиот свет. Во слободното време, секогаш посветуваме внимание и на екологијата, додаде Димевска-Јокиќ. свд/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Исплатени се 338.468.141 денари кон 9.567 овоштари

Му ја одзеле возачката па ја пријавил како изгубена, кривична пријава за стружанец

Хоџа: Реален пресврт во управувањето со отпадот во Полошкиот регион