Утрински Весник
Македонија

Лицата без лични документи законски ќе добијат прв извод

Лицата без лични документи законски ќе добијат прв извод
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Со Законот за неевидентирани лица во матична книга на родени, што го усвои Собранието, обезбедена е институционално-правна рамка за тие конечно да добијат граѓански идентитет, информираше заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ.

Целта на овој закон е лицата кои не се евидентирани во матична книга на родени да се евидентираат во посебна матична книга на родени, по што ќе добијат лична карта заради остварување на право на образование, здравствена и социјална заштита како и вработување со задолжително социјално осигурување. За овие лица, Законот предвидува постапка за дополнителен упис во матична книга на родените и добивање на прв извод.

Новиот закон е во согласност со препораките од ЕУ. Како што посочи Шкријељ, законот овозможува решавање на реалните проблеми со кои со години се среќавале овие луѓе, а биле невидливи за заедницата.

„Со новиот Закон, ќе им се овозможи на лицата кои што немаат и не можат да пријават адреса на живеење поради различни причини, како што е нелегализиран објект или непоседување на имотен лист, да пријават адреса на живеење и да се евидентираат на адресата на центарот за социјални работи во местото на нивното живеење“, нагласува Шкријељ.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Десет килограми кокаин откриени во автомобил во скопско

Во месец декември 19.750 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 132 лица за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

Делумен прекин на железничкиот сообраќај, во бојкот дел од машинскиот и извршниот персонал