Утрински Весник
Македонија

Литературен конкурс ,,На здрав човек, секој ден му е празник” во Делчево

Литературен конкурс ,,На здрав човек, секој ден му е празник” во Делчево

Делчево, 3 мај 2020 (МИА) – Во Делчево е распишан литературен конкурс на тема „На здрав човек, секој ден му е празник”. Право на учество на конкурсот имаат ученици од 4-то до 9-то одделение, кои треба своите творби треба да ги достават најдоцна до 18 мај годинава.
-По повод патрониот празник, стручниот актив по македонски јазик при Општинското основно училиште „Ванчо Прке” од Делчево распиша литературен конкурс на тема „На здрав човек, секој ден му е празник”. Своите поетски творби учесниците треба да ги отпечатат и со име и презиме да ги достават на официјалниот мејл на училиштето, информираа од деветолетката.
Додаваат дека во меѓувреме онлајн наставата се одвива без посериозни проблеми.
-Задачите од страна на наставниците редовно се доставуваат, додека учениците решенијата ги праќаат наредниот ден. Се работи според препорачаните он-лајн програми така што засега немаме посериозни проблеми во тој поглед.
По завршувањето на конкурост пристигнатите творби ќе бидат прегледани од страна на посебна комисија која ќе ги награди најдобрите творби.вс/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Автобус се запали во Бутел

Сметките за парно во Скопје од 1 август ќе бидат пониски за 3,16 отсто

Бектеши ја објави пораката за кој доби кривична пријава, смета дека станува збор за политички прогон