Утрински Весник
Свет

Литванија ја укина забраната за транспорт на руска стока до Калининград

Литванија ја укина забраната за транспорт на стоки опфатени со санкции против Русија до регионот Калининград.

dobivaj vesti na viber

Калининград се наоѓа на Балтичкото Море и користи железничка врска со Русија преку Литванија за патнички и товарен сообраќај.

Русија негодуваше поради забраната на Литванија за трансфер на челик и други метали преку нејзина територија под санкциите на ЕУ против Москва и се закани со реципрочни мерки.

Сепак, литванските железници најавија дека ќе продолжат да транспортираат стоки во рускиот регион.

ЕУ минатата недела објави дека забраната за транспорт се однесува на патниот и железничкиот сообраќај, како и на транзитот и дека Литванија мора да и дозволи на Русија да испорача бетон, дрво и алкохол во Калининград,пренесе Блиц.рс.

Можете да прочитате

Унгарски министер со години споделувал доверливи информации од ЕУ со Русија

Дали Јапонија ќе испрати воени бродови во Персискиот залив?

Либанскиот претседател ги осуди нападите врз земјата, стравува од инвазија