Утрински Весник
Спорт

Липи: Гатузо станува врвен тренер

Липи: Гатузо станува врвен тренер
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Неапол, 10 јуни 2020 (МИА) – Легендарниот италијански селектор Марчело Липи го пофали тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо за неговиот настап по преземањето на тимот.

– Антонио Конте е врвен тренер и Гатузо станува таков. Тој порасна и го покажа тоа во Наполи. Рино пристигна во тежок период и се чинеше дека е крај на една ера во тимот помеѓу повредите и тешките ситуации. Тој повторно ги крена со мудрост, смиреност, упорност, па дури и цврстина кон нивното однесување. Сега можеме да видиме дека ова е екипата на Гатузо. Реваншот со Интер за Купот? Рино има предност, 1:0 во првиот натпревар, а вториот е на нивниот стадион. Но, секој ден ќе повторува дека сè уште не е сигурно. Нема предност или сметки што треба да се прават. Мора да бидете агресивни и да не направите грешки. Убеден сум дека Конте го прави истото, вели освојувачот на СП со Италија.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028