Утрински Весник
Спорт

Лион ќе се засили со Боатенг

Лион ќе се засили со Боатенг

Џером Боатенг до крајот на преодниот рок ќе се пресели во Олимпик Лион. Искусниот дефанзивец како слободен играч ќе му се приклучи на францускиот тим.

Боатенг, по десет години, си замина од Баерн откако клубот не му понуди нов договор. Светскиот првак со Германија од 2014 година за Баерн има одиграно 229 натпревари.

Лион реши да го ангажира Боатенг откако претходно го суспендира капитенот на тимот, Бразилецот Марсело.

> Лион ќе се засили со Боатенг <

Можете да прочитате

Вечерва се враќа Лигата на шампиони

ФИФА го осуди однесувањето на фудбалерите на Сенегал

Ојлески ново име во составот на македонската репрезентација