Лион, 8 мај 2020 (МИА) – Претседателот на Лион, Жан-Мишел Ола објави дека клубот поднел две тужби против Француската фудбалска лига (ЛФП) за предвремено прекинување на сезоната.
Лион, кој стигна до елиминациите во Лигата на шампионите оваа сезона, настрада најмногу од ситуацијата, бидејќи остана на седмото место при последниот пласман и не влезе на европските турнири.
– Парите не се најважни за Лион. Поминавме од најниските дивизии до самиот врв. Прво сакавме да се анализираат можностите за обновување на сезоната. Одлуката на министерот за спорт се заснова на датумот на 3 август, што не е присутна во документите на УЕФА. Можевме детално да разговараме со премиерот и министерот за здравство за безбедносниот протокол и да видиме дали сè уште постои можност за обнова на лигата. Втората тужба се однесува на тоа како заврши сезоната и се формираше конечниот пласман. Ние сакаме да разјасниме дали тоа било легално, изјави Ола, цитиран од „Екип“.