Утрински Весник
Македонија

Изгоре објект со живина во кавадаречко Сопот

Изгоре објект со живина во кавадаречко Сопот

Кавадарци, 8 мај 2020 (МИА) – Изгоре објект со кокошки, пилиња, жито и пластични гајби во пожар кој утринава околу пет часот избувнал во кавадаречко Сопот. Сопственикот, во изјава за МИА рече дека пожарот настанал од сијалицата која горела заради затоплување на малите пилиња.

– Имаше опасност пожарот да се прошири и на куќата и околните објекти. Среќа што пожарникарите дојдоа  веднаш, а и ние реагиравме веднаш, рече сопственикот.

Според неговите првични проценки, штетата е околу илјада евра.

Од Територијалната противпожарна единица во Кавадарци рекоа дека на лице место интервенирале со едно противпожарно возило и тројца пожарникари. свд/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

За 161 судија побарано утврдување одговорност, судовите со над 134.000 нерешени предмети

Полицијата вчера привела седум возачи кои возеле без да имаат положено

Свечена заклетва на 30.класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“