Утрински Весник
Култура

Ликовната изложба „Современата уметност во Битола“ во Палатата на културата

Културниот центар од Битола ја најавува респектибилната ликовна изложба „Современата уметност во Битола“. Оваа изложба, како што велат од таму, претставува единствен ваков пресек на автори и дела поврзани со Битола. На изложбата, како што се наведува во информацијата, биле поканети да учествуваат со свои дела уметниците кои работат и творат во Битола, ченовите на ДЛУБ , уметниците кои се родени или потекнуваат од Битола и околината, но и оние кои живееле и работеле на тие простори и своите дела ги инспирале од пределите, луѓето и настаните во овој град, како и наследниците на уметниците кои веќе не се помеѓу нас, но како завештание ги чуваат нивните дела.

dobivaj vesti na viber

„Сите тие благородни луѓе, уметници и творци ги одстапија делата на уметниците чије име продефилирало во градот и оставило трајни ликовни вредности и на тој начин придонесоа денес да ја имаме оваа изложба. Голема е благодарноста и до приватните колекционери на ликовни дела, кои покажаа несебичност и доблест, да ги одстапат делата кои се во нивна соопственост како би биле застапени сите значајни ликовни автори.Тука би го издвоиле колекционерот Драги Филевски и Меѓународната графичка колонија „ ДеНиро“ кои обезбедија четириесетина дела“, вели организаторот.

Со оваа изложба, како што информираат за прв пат се промовира и галерискиот простор во Палатата на културата – Офицерски дом при ЈОУ Културен и Информативен центар – Битола.

Истата е закажана за 13.07.2022 во 20.00 ч.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“