Утрински Весник
Магазин

Лиза Кудроу: Беше супер да играм глупава во „Пријатели“

Лиза Кудроу: Беше супер да играм глупава во „Пријатели“

Лиса Кудроу е најпозната по ликот на Фиби Бафај во серијата „Пријатели“, и многу ѝ е мило што многумина претпоставуваат дека таа е иста како ликот.

57-годишна актерка рече: “Беше супер да глумам глупава бидејќи луѓето разговараат многу послободно кога претпоставуваат дека не ги разбирате. Тоа е исто како кога ги возиш децата на училиште – тие мислат дека кога возиш не внимаваш што зборат, па така тие кажуваат сè, не знаејќи дека го слушаш секој збор. Исто е кога луѓето мислат дека си тапа. Научив многу “.

Лиза, која има 22-годишен син Џулијан со сопругот Мишел Стерн, никогаш не видела некои епизоди на „Пријатели“ и едвај чека да најде време еден ден да ги изгледа сите 10 сезони на ситкомот, кој заврши во 2004 година.

„Има некои епизоди што никогаш не сум ги видела. Знам дека звучи лудо, но еден ден едвај чекам да гледам Пријатели,“ вели таа.

Актерката и другите „пријатели“ од мега-популарната серија – Џенифер Анистон, Дејвид Швимер, Метју Пери, Мет Ле Бланк и Кортни Кокс – требаше повторно да се дружат во специјална епизода минатава пролет, но дружбата беше одложена за следната година поради пандемијата на коронавирус.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста