Утрински Весник
Спорт

Лидс јунајтед на шопинг во Париз

Лидс јунајтед на шопинг во Париз

Лидс јунајтед на убедлив начин на завршија 2020 година. Екипата на Марсело Бијелса со 5:0, победи во Бирмингем кај ВБА. Наредниот меч, Лидс ќе го одиграат на 2.јануари против Тотенхем.

Лидес планира да се засили во зимскиот преоден рок, Бијелса како идеално засилување за неговиот тим го означил Јулијан Дракслер.

Германецот нема место во ПСЖ, а бидејќи неговиот договор истекува за шест месеци, тој од утре може да преговара со заинтересираните тимови.

Прашање е дали клубовите ќе постигнат договор и што е најважно дали Дракслер би прифатил да го облече дресот на Лидс јунајтед.

> Лидс јунајтед на шопинг во Париз <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Убедлив триумф на македонските кошаркари против Азербејџан

Партизан ја одби оставката на Обрадовиќ

Македонец нов европски шампион во мотоциклизам