Утрински Весник
Спорт

Лидс тргнаа по Траоре, сезонава не е во прв план кај „волците“

Лидс тргнаа по Траоре, сезонава не е во прв план кај „волците“

Лидс Јунајтед сакаат во своите редови да го доведе шпанскиот крилен напаѓач, Адама Траоре, пишува британски „Daily Express“.

Иако договорот со Вулверхемптон му истекува во 2023 година, „волците“ уште сезонава започнаа преговори за нов договор, но веќе подолг период нема никаков напредок.

Токму поради тоа, многумина на Островот сметаат дека затоа Траоре добива помала минутажа. Стартуваше на 7 од 14 лигашки натпревари. Менаџерот на „волците“ Нуно Еспирито Санто повеќе им верува на Педро Нето и Даниел Поденса.

Интерес за 24-годишниот напаѓач покажаа и Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Јувентус, но тие не сакаат за Шпанецот да платат отштетна клаузула од 90 милиони евра. Во приказната се вклучи и Лидс, каде настапува македонскиот репрезентативец, Езџан Алиоски. Сепак, тие се обидуваат да ја намалат цената на Траоре.

Згора на тоа, во Лидс спортски директор е Виктор Орта, човекот кој летото 2016 година го доведе Траоре на Островот, во тимот на Мидлсборо. Две години потоа тој стана член на Вулверхемптон.

Во сите натпреварувања, Траоре сезонава има 15 настапи, без погодок.

> Лидс тргнаа по Траоре, сезонава не е во прв план кај „волците“ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари