Утрински Весник
Македонија

Лидерска средба утре за одложување на изборите, потврди Кабинетот на Пендаровски

Пендаровски го предлага Александар Спасов за член на Националниот совет за евроинтеграции
Dik 300x250 mk

Скопје, 16 март 2020 (МИА) – Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски потврди за МИА дека шефот на државата утре во Вила Водно ќе биде домаќин на средба на лидерите на парламентарните политички партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА, Беса, Алтернатива и Алијанса за Албанците.

Претседателот Пендаровски свикува лидерска средба со една точка на дневниот ред – можност за одложување на парламентарните избори закажани на 12 април 2020.
Датумот за избори беше договорен од лидерите на партиите на средбата која Пендаровски ја организираше во октомври 2019 година по одржувањето на самитот на Европскиот совет.
Од Кабинетот на Пендаровски посочуваат дека на средбата ќе присуствуваат и претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на Владата Оливер Спасовски. хс/ац/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДИК одзела осум акредитации на домашни набљудувачи

Излезеноста до 15 часот е 27,19%

ЗНМ: Новинарите нема да замолчат пред насилниците: јавноста има право да знае!