Утрински Весник
Македонија

Лидерска средба кај претседателот Пендаровски утре од 13 часот

114016281

Скопје, 11 мај 2010 (МИА) – Во „Вила Водно“ утре од 13 часот ќе се одржи лидерска средба на која се поканети претседателите нa парламентарните политички партии од власта и од опозицијата кои на последните парламентарни избори освоија пратенички мандати со самостојни листи, соопшти Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски.

На средбата се поканети претседателите на: СДСМ – Зоран Заев, ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, ДУИ – Али Ахмети, Алијанса за Албанците – Зиадин Села, Алтернатива – Африм Гаши, Движење Беса – Билал Касами и на ДПА – Мендух Тачи.

На лидерската средба се поканети и претседателот на Собранието, Талат Џафери, и претседателот на Владата, Оливер Спасовски. хс/скс/

 

 


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поради сообраќајна несреќа во целосен прекин сообраќајот Фариш-Велес

СДСМ: Целата јавност го осуди насилството над Арсовска, само Мицкоски го одобрува и ги поддржува насилниците

Кривичен суд одреди куќен притвор и мерки за претпазливост за осомничените напаѓачи на Арсовска