Утрински Весник
Македонија

Дезинфекција на јавните површини и јавните институции во Чашка

Дезинфекција на јавните површини и јавните институции во Чашка

Велес  11 мај 2020 (МИА) – Општина Чашка  во координација со ЈПКД „Тополка“ во саботата почна со дезинфицирање на улиците и јавните површини во населба Чашка, плоштадот и институциите.

Како што информираше градоначалникот Горан Стојановски, освен јавните простори,  дезинфицирани се просториите  на училиштето, градинката, полицијата, поштата, зградата на локалната власт, продавниците.

– Утре  ќе се врши повторно  дезинфицирање во населбата Чашка, а  во наредните денови и  во некои од  поголемите населени  места во нашата општина – Горно Јаболчиште, Мелница Извор и други поголеми населени места.

Во Општина Чашка на 5 мај беа регистрирани првите двајца заболени со Ковид-19, а потоа бројот на заболени се зголеми на тројца кои се од две семејства. Во Чашка моментално  има и осум лица со решение за  изолација, информира Стојановски.

-Затоа апелирам до жителите на општина Чашка, а посебно до жителите на населба Чашка, да ги следат препораките на Владата и Министерството за здравство за задолжително носење  заштитни маски на отворено, како и да се одржува задолжително меѓусебно растојание, рече Стојановски.

Тој им препорача на жителите  да се придржуваат до ограничено движење во текот на работната недела, а посебно во деновите од викендот. ад/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч на ограничување од 80 – уапсен гостиварец

Дванаесетчасовна акција во штипско: Запленети дрва, одземени „форд“ и „мицубиши“

Дронови го исцртаа ликот на Делчев на небото за 23 Октомври