Утрински Весник
Македонија

Лидерот на Партијата за движење на Турците Енес Ибрахим на средби со граѓани во Валандовско

Лидерот на Партијата за движење на Турците Енес Ибрахим на средби со граѓани во Валандовско

Скопје, 27 јуни 2020

Партијата за движење на Турците (ТХП), низ целата земја продолжува со реализација на планираните предизборни активности, притоа запазувајќи ги сите протоколи за заштита на ширењето на Ковид-19.

Претседателот на ТХП, воедно и кандидат за пратеник од коалицијата „Можеме”, Енес Ибрахим се сретна со жителите од валандовскиот регион. Ибрахим истакна дека во изминативе 3 години Владата во која партиципираше и ТХП забележа респектабилни резултати на повеќе полиња. Тој додаде дека економските параметри покажуваат пораст на стандардот на граѓаните, затоа што оваа влада наместо непродуктивни трошења од типот на барокни фасади, споменици и жални врби инвестираше на реални проекти и пред сѐ на граѓаните. Ибрахим е категоричен дека истата преродба се случи и во земјоделството и во доменот на социјалните права, со тоа што се подаде рака на секој поединец. Идејата за општество со еднакви можности полека почна да стане реалност.

Енес Ибрахим истакна силна верба дека граѓаните од овој регион ги препознаваат успесите и на 15-ти јули повторно ќе ја поддржуваат коалицијата “Можемр”, која ќе продолжи со реализација на зацртаните цели.

Партија за Движење на Турците во Македонија (ТХП)

_______________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Следната недела разговори за зголемување на минималната плата

УХМР: Од петок студен бран во Македонија – се очекуваат поројни дождови

Уште еден земјотрес ја стресе Македонија