Утрински Весник
Свет

Лидерите на Европската унија сакаат да основаат фонд за обнова на Украина на 30 мај

Лидерите на ЕУ работат на формирање фонд за обнова на Украина на 30 мај, но се уште не е јасно како ќе се финансира.

„Треба да се воспостави платформа за обнова на Украина која ќе ги собере на едно место украинската влада, земјите-членки на ЕУ, како и партнерите, финансиските институции и организации“, се заклучува во нацрт-заклучоците, пренесува Ројтерс.

Европската комисија во средата предложи да се воспостави механизам на грантови и заеми со неодредена големина наречена „Обнова Украина“, по моделот на постоечкиот Фонд за закрепнување на ЕУ, кој земјите-членки заеднички го позајмија на пазарот.

Можете да прочитате

ЕУ сè уште зависи од руските енергетски извори

Почнаа подготовките за трилатералниот самит на Путин, Трамп и Си

Како и зошто метеоролозите им даваат човечки имиња на бурите?