Утрински Весник
Спорт

Лигата на Европа ќе заврши со мини турнир во Германија

Академија Пандев, Шкупи и Македонија ЃП ги дознаа своите потенцијални противници во ЛЕ

Франкфурт, 9 јуни 2020 (МИА) – Турнирот во Лигата на Европа би можел да биде продолжен во август со мини-турнир во Франкфурт, според германскиот дневен весник „Зидојче Цајтунг“.

Според информациите, градската администрација доставила документи до УЕФА, со кои ја прогласува својата желба да го прифати остатокот од натпреварувањето.

Конечната одлука ќе биде донесена на состанокот на извршниот комитет на централата, закажан за 17-ти и 18-ти јуни.

Ќе се разгледаат и апликациите за домаќин на Лигата на шампионите, за коj се пријавi и Франкфурт, но според „Билд“, завршницата на овој турнир ќе се одржи во Лисабон.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

На Меси му е дијагностициран со мускулен замор

Арсенал го освои пехарот, Ливерпул избори ЛШ, Вест Хем испадна

Голема победа за Охрид во првото финале од ЕХФ Европскиот куп