Утрински Весник
Спорт

Ливерпул се намачи за победа над Вила

Ливерпул се намачи за победа над Вила (видео)
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Новокрунисаниот англиски шампион Ливерпул се врати по тешкиот 4:0 пораз кај Манчестер сити со тешко извојувана 2:0 победа над Астон вила, тим кој се наоѓа во грчевита борба за опстанок.

И покрај тврдењето на менаџерот Јирген Клоп дека по освојувањето на титулата не е „паднато“ нивото на игра на „црвените“ и желбата за победа, статистиката вели дека во првото полувреме Вила ги имаше подобрите шанси за гол, а Ливерпул упати само два удари кон голот на противникот, најнизок број по поразот од Вотфорд од 3:0.

Сепак, казната за Вила стигна во второто полувреме, кога Трент Александер-Арнолд и Наби Кеита му направија совршена акција на Садио Мане во 71. минута и Сенегалецот не згреши. Резултатот „висеше“ до 90. минута од натпреварот, кога Кертис Џонс го постигна својот прв гол во дресот на Ливерпул за нови три поени.

Астон вила се наоѓаат на 18. место во лигата со 27 поени, еден помалку од 17-пласираниот Вотфорд на пет кола пред крајот на сезоната во Премиер лигата.

> Ливерпул се намачи за победа над Вила (.) <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата