Утрински Весник
Македонија

(Видео) Заев од Чаир: Ќе го поразиме лажниот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ, ќе го поразиме и ДУИ

05072020 Заев 1

 

„Покажавме дека имаме храброст за сé што беше важно за државата и денес им докажуваме на сите политичари дома и во регионот, дека народот ги наградува храбрите политики и политичари и затоа ќе победиме и се додека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ продолжуваат со лажен национализам, ќе продолжат да губат“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев на трибина со граѓаните на општина Чаир.

„Со Законот за употреба на јазици го заокруживме формално-правниот дел од Охридскиот рамковен договор, остана духот на договорот да го вградиме за сите, рамноправно, еднакво и со правата и со обврските пред државата.

Денес, ДУИ и Ахмети лажат дека тие го донеле, можеа да го донесат додека беа со ВМРО-ДПМНЕ но немаа храброст. Денес со тој Закон не изгубија ништо ни Македонците, ни Србите ни Власите, никој, само ослободивме едно право кое беше заробено“, порача Заев пред граѓаните на Чаир.

Текстот (Видео) Заев од Чаир: Ќе го поразиме лажниот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ, ќе го поразиме и ДУИ е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Тешка сообраќајна несреќа пред влезот на Клинички центар

Мицотакис: Не гласавме за договорот од Преспа затоа што со него се признава македонската нација и јазик

Петровска: Нападот на Кацарска е напад на слободата и демократијата