Утрински Весник
Спорт

Ливерпул ремизира на првиот натпревар по паузата поради коронавирусот

Ливерпул ремизира на првиот натпревар по паузата поради коронавирусот

Ливерпул, 21 јуни 2020 (МИА) – Евертон и Ливерпул вечерва на „Гудисон парк“ одиграа нерешено 0:0 во натпреварот од 30. коло од првенството на Англија.

Градското дерби беше прв дуел за двете екипи по тримесечна пауза поради пандемијата на коронавирус.

Средбата, од безбедносни причини, се одржа на празни трибини.

Ливерпул по овој исход е на првото место на табелата со 23 бода предност во однос на  најблискиот ривал, Манчестер сити.

За да стане шампион, за прв пат од 1990 година, Ливерпул треба да освои само пет бода на осумте средби до крајот на шампионатот во Премиер лигата. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

САД не одобрија визи за дел од стручниот штаб на Иран пред СП

ФИФА воведува големи промени при интонирањето химни на СП 2026

Јамал фудбалер на сезоната во Ла Лига