Утрински Весник
Спорт

Ливерпул прими два гола потоа го „згази“ противникот

Ливерпул прими два гола потоа го „згази“ противникот

Фудбалерите на Ливерпул со 7:2 го поразија Блекпул иако по 33 минути беа во минус од два гола.

Потценувачки англискиот шампион влезе во мечот, поради што Блекпул успеа со головите на Хамилтон и Јетс да постигне два гола. Ливерпул потоа го подигна нивото на играта постигна седум гола, шест од нив во второто полувреме.

Матип намали на 1:2, а во второто полувреме мрежата на Блекпул ја тресеа Мане, Фирмино, Минамино, Ориги и Ван ден Берг.

Ливерпул новата сезона во Премиер лигата ќе ја започне на 12 септември против Лидс Јунајтед.



> Ливерпул прими два гола потоа го „згази“ противникот <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина