Утрински Весник
Спорт

Лејкерс го возвратија ударот – израмнија на 1-1 против Хјустон

Лејкерс го возвратија ударот – израмнија на 1-1 против Хјустон

Лос Анџелес Лејкерс го израмнија резултатот во серијата против Хјустон на 1-1. Вториот полу-финален меч Лејкерси го добија со 117:109.

Екопата од Лос Анџелес доминираше во првиот дел, кога стогна до максималната предност од 21 поен. Сепак Хјустон се вратија во мечот во третиот период на крајот пресуди индивидуалниот квалитет на Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.

„Веѓата“ Дејвис беше најефикасен со 34 поени, 10 скока, додека Џејмс забележа 28 поени, 11 скока и девет асистенции.

На спротивната страна Џејмс Харден постигна 27 поени, Ерик Гордон 24, а Пи-Џеј Такер 18 поени.

Наредниот меч се игра за два дена во 3 часот по средно-европско време.



> Лејкерс го возвратија ударот – израмнија на 1-1 против Хјустон <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Џорлев освои злато на Светското карате првество за кадети, јуниори во Полска

Тебас: Не знам колку пати досега Реал побарал моја оставка

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија