Утрински Весник
Магазин

Лејди Гага ќе глуми во продолжението на „Џокер“

Dik 300x250 mk

Поп-ѕвездата и актерка Лејди Гага се огласи на Твитер во четвртокот за да потврди дека е дел од актерскиот тим на претстојното продолжение на психолошкиот трилер „Џокер“, а воедно сподели и музички тизер.

dobivaj vesti na viber

Музичкиот клип прикажува силуети кои танцуваат заедно на звуците на песната Cheek to Cheek, која ја напиша Ирвинг Берлин во 1935 година за филмот Top Hat на Фред Астер и Џинџер Роџерс.

Имињата Феникс и Гага трепкаат на екранот.

Joker: Folie a Deux, во кој Хоакин Феникс ќе ја репризира улогата на насловниот лик, ќе излезе во кината на 4 октомври 2024 година.

Феникс првпат го портретираше големиот непријател на Бетмен во филмот „Џокер“ од 2019 година, улога што му донесе „Оскар“ за најдобар актер.

Можете да прочитате

Властите во северна Јапонија ја повикаа војската за заштита од мечки

По десет години љубов, Саша Ковачевиќ и предложи брак на Зорана Тасовац

Ретроградниот Меркур веќе ги покоси овие 4 знаци: Штом ќе започне хаосот и конфликтот, треба да го направите следново