Утрински Весник
Магазин

Лејди Гага сними песна за саундтракот на „Топ ган: Маверик“

Лејди Гага сними песна за саундтракот на „Топ ган: Маверик“

Лејди Гага наводно, снимила песна за саундтракот на „Топ ган: Маверик“.

Поп-ѕвездата (36) ја напиша Hold My Hand за очекуваното продолжение на акциониот блокбастер, во кое Том Круз ја репризира својата улога на капетан Пит Мичел од оригиналниот филм од 1986 година.

Според весникот „Сан“, Гага треба да ја објави ‘епската химна’ како сингл во мај и веќе се навестува можен „Оскар“ за најдобра оригинална песна за церемонијата во 2023 година.

Hold My Hand е Гага во најдобра форма. Требаше да излезе на крајот на овој месец, но шефовите го одложија датумот. Видеото е веќе подготовено,“ извор близок до звездата изјави за „Сан“.

„Не би ме изненадило ако следната година Гага добие уште една награда за најдобра оригинална песна од Академијата.“

Можете да прочитате

Бесплатни проекции на регионални филмови на Зимското издание на Фестивалската мрежа на Јадранскиот регион

Како правилно да го чувате брашното за да остане свежо?

Влијанието на сексуалната активност врз телото и умот