Лејди Гага отсекогаш била суперѕвезда, и ретко кој има беспрекорен стил на црвениот тепих како таа, коментираат светските шоу-биз медиуми.
Гага неодамна се појави на премиерата во Лос Анџелес за нејзиниот нов и многу очекуван филм, House of Gucci, облечена во Валентино креација од соништата – блескав, плисиран златен фустан до подот, без ракави.
Поп дивата и актерка својот изглед го дополни со заслепувачки дијамантски накит, чокер и обетки. Нејзината шминка беше адекватно драматична – смели зачадени очи, густ и темен ајлајнер и впечатливи веѓи.
„Куќата Гучи“, во кој Гага глуми заедно со Адам Драјвер, е потресна сторија за убиството на италијанскиот моден магнат и прв човек на брендот „Гучи“, нарачано од неговата поранешна сопруга, која потоа го доби прекарот ‘црната вдовица’.
Филмот ќе почне да се прикажува во кината на 26 ноември.