Утрински Весник
Македонија

Лефков: Да кажат кој е вакциниран од власта

Лефков: Да кажат кој е вакциниран од власта

Вакцини нема, вакцинацијата сопрена, стоматолозите се известени бидејќи нема веќе вакцини ќе имало „краткотраен прекин на имунизацијата“ бидејќи немало веќе вакцини, изјави на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

„ Не сопираат вестите во јавноста дека се вакцинирани високи функционери и владини претставници. Сомнежот е каде се вакцинирани, дали тука или во други држави. Сомнежите дека вакцинацијата се злоупотребува поточно дека се вакцинирани и политичари од власта мора да се расчисти. Не може и не смее да нема вакцини за здравствените работници, а да има за политичарите од власта“ истакна Лефков.

Тој рече дека како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат посебно барање до собраниската комисија за здравство да побара информации од Министерството за здравство и точно да се знае кој до сега се вакцинирал против корона.

„ Не е време да се кријат податоци. Апелираме на декласифицирање на податоците и расчистување на сите сомнежи. Излезете и јавното кажете кој се и колку лица се вакцинирани, ова не е работа и бројки со кои треба да се шпекулира“ порача Лефков.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нов пожар кај Смилковско Езеро – прекинат сообраќајот

Јавноста шокирана: Дете врзано со јажиња – МВР преземаат мерки

Владата задоцни, народот сам гаси, Димитриевиќ од Дојран со жестока критика